top of page

Резиме

Како резиме на повеќе од  две децении,  моето професионално искуство е изградено врз основ на работа во високо ризични и тешко пристапни средини. Преку истото, развив детален увид околу предизвиците при извршување на работата на висина, а со долгогодишните работни часови поминати во теренска работа, спасувачки мисии и техничко – практични обуки, спознав со какви се ризици, секојдневно се соочуваат компаниите.
Денес, како компетентно лице за работа на висина, ги насочувам организациите преку обезбедувањето редовни инспекции, обуки, евалуации и консултантски услуги поврзани со безбедноста при работа, во согласност со меѓународните стандарди, а преку тоа подржувајќи ги побезбедно и поефикасно да функционираат при вршење дејност во високо ризични средини.

Dejan Dimitrovski Safe Heights Expert

Реално теренско искуство. Практични безбедносни решенија.
Безбедна работа на висина.

Сертификати

Work at Height

Усогласување со меѓународните безбедносни рамки

Поддршка кон компаниите кои извршуваат активности со висок ризик на висина, во зајакнувањето на нивната оперативна безбедност, надзор на подизведувачите и усогласеноста со меѓународните безбедносни стандарди, а со тоа оставрување на директен придонес кон долгорочна заштита и спречувањето на несреќи.


Меѓународните безбедносни рамки нагласуваат дека работата со висок ризик мора да биде надгледувана и спроведувана од технички компетентни лица со соодветна обука, знаење и теренско искуство.
 

Преку моите консултантски услуги, организациите добиваат пристап до специјализирана експертиза, која ги надополнува нивните постоечки структури поставени во делот за безбедност и здравје при работа, а со тоа добиваат директно подобрување на системите за оперативна безбедност, како и при донесувањето на одлуки поврзани со активностите за работа на висина.

Меѓународни референтни стандарди

 

• ILO Кодекс на пракса за безбедност и здравје
• ЕU директива 2009/104/ЕC – Употреба на работна опрема
• OSHA Стандарди за заштита од пад

Интеграција со принципите на Системи за управување со безбедноста (SMS):

• идентификација на опасности
• избегнување на ризик
• осигурување на безбедност
• промоција на безбедноста преку обуки

Усогласување со клучните клаузули на ISO 45001 :


• Член 7.2 – Надлежност
• Член 7.3 – Свесност
• Член 8.1 – Оперативно планирање и контрола
• Член 8.2 – Подготвеност и одговор во итни случаи
• Член 9 – Евалуација на перформанс

Одберете квалитет

Специјализирани услуги создадени стриктно за потребите на вашата индустрија и прилагодени на барањата на секој клиент.

Ги очекуваме деталите за вашиот бизнис.

bottom of page