
Зошто е важна експертизата од компетентно лице
Работата на висина е една од водечките причини за сериозни повреди на работното место во многу индустрии.
Во сложени оперативни средини, како што се аеродромите, телекомуникациската инфраструктура, енергетските индустрии и комплексните технички инсталации, ризиците значително се зголемуваат поради изложеноста на надворешни услови, структурната сложеност и симултаните операции.
Меѓународните безбедносни рамки како што се ISO 45001, ICAO Annex 19, OSHA стандардите за заштита од пад, Директивата на ЕУ 2009/104/EC и Кодексот на пракса на ILO, јасно нагласуваат дека активностите со висок ризик мора да бидат надгледувани и имплементирани од технички компетентни професионалци со соодветна обука, знаење и практично искуство.
Управувањето со ризиците при работа на висина бара повеќе од општи безбедносни процедури или само административна усогласеност.
Наложува специјализирана експертиза конкретно за системите за заштита од пад, инспекција на опремата, планирање на спасување и управувањето со оперативните ризици.
Организациите кои ангажираат специјализирана експертиза ја зајакнуваат својата способност да ги заштитат работниците, да одржуваат усогласеност со регулативите и да обезбедуваат безбедно и сигурно работење во средини со висок ризик.
Експертиза

Обука и развој на техни чки вештини
Обезбедување на специјализирана практична и теоретска обука за работа на висина, проценка на вештини и спроведување на инструкции специфично дефинирани за употреба на опремата, за да се обезбеди безбедно и самоуверено работење на техничките лица во средини со висок ризик.
Управување со безбедност и соодветно документирање
Ревизија на документацијата за безбедност и здравје при работа на висина, развивање на техничките спецификации и програмите за безбедност, се усогласува со EN/ISO стандардите според работното место/позиција и преку воспоставување на јасни оперативни упатства за безбедна работа на висина. Безбедносните барања, одговорностите и оперативните контроли преку оваа обзервација се дефинираат на јасен и ефикасен начин, со цел комплетна имплементација во целата организација.
Техничка Инспекција и усогласеност на опрема
Се врши спроведување на професионални инспекции на опремата за работа на висина и системите за заштита од пад, преку проверка на изведбите и техничките проекти за сидришта/анкер точки, како и обезбедување на процена на тековната состојба преку издавање на детални Извештаи/Елаборати за усогласеност на опремата.
Консултација при набавки и Надзор на оперативна безбедност
Обезбедување на техничка анализа кон понудите од добавувачите на опремата за работа на висина, професионална поддршка при подготовка и евалуација на понудите за системите за заштита од пад, проверка на компетентноста на изведувачите, како и независно надгледување на активностите на подизведувачите и следење на примената на безбедносните оперативни практики за време на спроведување на активностите со висок ризик/работа на висина.
Зошто да одберете Експерт за Обезбедени Висини
Независна експертиза
Практично теренско искуство
Никогаш повеќе не се сомневаjте дали добавувачот ви нуди објективен совет и ги исполнува ветените стандарди за БЗР.
Консултантскиот пристап базиран на реално искуство кој ќе ви овозможи да ги елиминирате ризиците при работа на висина.
Прилагоден пристап
Техничка документација создадена според вашите специфични операции, опрема и организациска структура.
Специјализирана обука
Кога станува збор за обука, не постои едно универзално решение.
Понудата вклучува програми, прилагодени на вашите специфични потреби, со можност за безбедна симулација на комплексни сценарија при работа на висина, усогласени со стандардите од вашата индустрија.
Сеопфатни решенија
Од советување и дизајн до имплементација, обука и евалуација
еден партнер, една одговорност, интегриран пристап.
Потврден квалитет
Висока стапка на задржување на клиенти и долгорочни партнерства, поткрепени со високо задоволство кај обучените учесници.